мај 4, 2018

Атина, 4. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Турски товарен брод се судри со грчки воен брод во источните води на Егејското море. Во сударот нема повредени, ниту поголема материјална штета.

Грчката воена морнарица соопшти дека турскиот брод по инцидентот отпловил во турските води, иако примил радио-порака од воениот брод од каде му порачале да застане.

Сударот кај грчкиот остров Лезбос, наводно го предизвикал турскиот товарен брод, прекршувајќи ги меѓународните правила за безбедноста на транспортот, се додава во соопштението.

Вениот брод на Грција, долг 55 метри, учествува во НАТО операциите против криумчарењето на мигранти.

Инцидентот се случува во момент кога се затегнати односите помеѓу Грција и Турциија околу територијалните права. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука