мај 4, 2018

Лос Анџелес, 4. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Корисниците на Твитер се советуваат да ги сменат своите лозинки, соопшти компанијата.

Оттаму вчера известија дека неодамна е откриен тн. „баг” којшто ги чувал лозинките во незаштитена форма, но и оти нема индикации дека имало злоупотреба на лозинки. Сепак, на корисниците им се препорачува да ги променат своите лозинки, посебно ако ја користеле и за други сервиси.

Твитер ги штити шифрите така што ги претвора во кодирана комбинација од цифри и букви, но овој „баг” довел до тоа – лозинката да биде видлива пред да се процесира тоа „маскирање”. (Крај)

извор: МИА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука