мај 11, 2018

Охрид, 11. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – За период од две години охридското Bistro Corner успеа да стане омилено место за кафе-муабет и релаксација во текот на денот и омилено место за забава во викенд деновите.

Денес го прославува својот втор роденден, а околу тоа што го прави Bistro Corner успешно и сосема оригинално разговаравме со Климент Јакимов дел од менаџментот на Bistro Corner, денешен гостин во „Радио Корнер“ на Супер радио.

Супер радио: Најпрво среќен втор роденден Bistro Corner. Како ќе го прославите?

Јакимов: Ви благодарам за честитките во име на целиот тим на Bistro Corner. Роденденски денека забавата е целодневна. Почнува во 17:00 часот со настап на Dј Crazy Slave, а од 21:00 часот имаме свирка во живо со препознатливото дуо од Кавадарци, Пикси и Ване, кои се на некој начин омилени артисти на нашите гости. Цел капацитет е веќе резервиран, очекуваме одлична и незаборавна забава, исто како и за првиот роденден. Овој пат настанот ќе биде поддржан од винаријата „Тиквеш“ и екипата на Jack Daniels. Ќе има промоција на Cuvee и Special selection вината на Тиквеш за само 500 денари, додека Jack Daniels 0,5 литри ќе чини 1.490 денари, а single shot 130 денари.

corner2rodenden3Супер радио: Очигледно е дека во овие две години Bistro Corner стана омилено место за кафе-муабет и релаксација во текот на денот и омилено место за забава во викенд деновите. Што го прави Bistro Corner успешно и оригинално?

Јакимов: Bistro Corner секогаш сака да слушне за впечатоците, желбите и критиките на своите гостите и своите потези да ги креира согласно тоа. Секогаш се трудиме услугата да ја кренеме на повисоко ниво, се трудиме секогаш да имаме новитети на менито, да ги следиме технолошките новости и да ги имплементираме во своето работење. Она на што посебно внимаваме е состојките кои ги користме секогаш да бидат со врвен квалитет. Сметам дека ваквата поставеност на нештата не прави и успешни и оригинални. За нас она што го сакаат посетителите и нивното задоволство засекогаш ќе останат наша примарна цел во работењето.

Супер радио: Уникатни сте и во самата локација. Bistro Corner се роди на локација која пред тоа не се сметаше за особено атрактивно подрачје за кафетерии.

Јакимов: Концептот и местоположбата на Bistro Corner се вообичаени за светските метрополи, па кога пред две години се отвори навистина беше поневообичаено за охриѓани. Но сега сите велат дека на Охрид навистина му требаше ваква кафетерија на ова место и дека веќе се навикнале своите работни паузи да ги прават во Bistro Corner. Гледано од оваа временска дистанца не згрешивме што одлучивме да се позиционираме на оваа локација, ова место е доста фрекфентно и привлекува секојдневно многу посетители.

corner2rodenden2Супер радио: Насочени сте кон одредена клиентела? Каква е структурата на гости во Bistro Corner?

Јакимов: Кога почнавме да работиме не си поставивме некоја конкретна насока по ова прашање. Во различен дел од денот доаѓа различна категорија на клиенти. Наутро и до крајот на работните часови најчесто не посетуваат луѓе кои работат во околните објекти, канцеларии, дуќани и слично, а подоцна во текот на денот и на вечерните викенд забави доаѓаат помлади луѓе.

Супер радио: Што од менито е најомилено, најпродавано во Bistro Corner?

Јакимов: Во различни делови од годината различни артикли од солена и слатка храна, свежо овошје, алкохолни и безалкохолни пијалоци и најразлични кафиња се најпродавани. Во моментов од пијалоците најпродаван е пакетот на свежо цеден сок од портокал, јаболко или лимон со кафе еспресо или макијато. Од храната особено барани се салатите, тостовите и тортиљите, а од слатката програма тоа се вафлите по кои сме препознатливи и кои самите гости избираат што сакаат да содржат, најнарачувани се со Нутела и јагода. Овошните смути се доста барани, исто и Кромбахер точеното пиво во кригла. Популарни се и пакет промоциите за друштво, мезе даски со неколку пијалоци по промотивни цени.

Супер радио: Каква визија имате, како Bistro Corner ќе се развива во иднина?

Јакимов: Нашата визија е фокусирана околу клиентите, нашата визија е тие секогаш да бидат задоволни. И во иднина постојано ќе воведуваме новости, како во менито, така и во настаните кои ги организираме. Сакаме ова место и понатаму да остане место за ширење на позитивна атмосфера и пријателства. Во име на целиот тим на Bistro Corner благодарност до сите наши пријатели, клиенти, гости за досегашната доверба. И во иднина ќе се трудиме на аголот од улицата „Туристичка“ и почетокот на чаршијата да Ве послужуваме со Вашите омилени пијалоци и храна.

bistrocorner1

Емисијата „Радио Корнер“ се емитува секој работен ден од 12:00 до 14:00 во живо од Bistro Corner. Водител е Александра Алексијевска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука