мај 12, 2018

Охрид, 12. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во вторник и среда, 15-ти ии 16-ти мај, екипи на Центарот за јавно здравје ќе спроведат системска дератизација.

Ќе бидат опфатени стариот дел на градот, населбите „Билјанини извори“ , „Гоце Делчев“ , „Воска“ и „Далјан“ како и по улиците „Туристичка“, „Питу Гули“, „Железничка“, „Јане Сандански“, „7 ми ноември“, „Марко Нестороски“, „Кеј Македонија“, „Македонски просветители“, „Момчило Јорданоски“ и „Прва македонска ударна бригада“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука