мај 22, 2018

Луби, 22. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Ноќеска жителите на Луби, во Западна Чешка, почувствуваа земјотрес со јачина од 4,1 степен.

Тоа е најголемата измерена вредност во последниве години. Епицентарот на земјотресот е 29 километри оддалечен од познатите Карлови Вари, а 141 километар од Прага. Во Прага земјотресот не е почувствуван.

Сеизмолозите, а и жителите на овој дел од Чешка, велат дека послаби потреси почнале да чувствуваат пред две недели и, наспроти очекувањата, јачината на потресите се зголемува. Тоа внесува поголема вознемиреност кај луѓето кои живеат во непосредна близина на епицентарот. Материјални штети не се регистрирани.

Инаку, последните најсилни земјотреси во Чешка се случија на почетокот на 1985 и 1986 година во Хеб, со јачина 0д 4,6 степени, при што некои куќи се урнаа, а некои останаа со напукнати ѕидови.

Сеизмолозите велат дека акумулираната енергија во ова подрачје не се ослободува во форма на катастрофи, туку во форма на земјотресни бранови: енергијата се ослободува постепено и без значајни последици. (Крај)

извор: Слободен печат фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука