мај 30, 2018

Њујорк, 30. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Белата куќа ги финализира подготовките за трговските санкции против Кина, објави новинската агенција „АФП“.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека има намера да заврши со подготовките за воведувањето на трговските санкции против Кина и покрај преtстојната посета на американската делеганција во Пекинг, за разговори за решавање на трговските спорови.

Белата куќа објави дека санкциите кои беа најавени во март се фокусирани на кражбата на американската интелектуална сопственост, од страна на Кина.

Ова е уште една промена на курсот од страна на Трамп, од акутни закани до ветувања за компромис.

Пред помалку од 10 дена секретарот за финансии на САД, Стивен Мунчин, изјави дека во моментов тарифите против Кина се во процес на разгледување. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука