мај 31, 2018

Охрид, 31. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Продолжуваат забележителните успеси на учениците од ОУ „Григор Прличев“ од Охрид.

Викендов се одржа државниот натпревар по природни науки на кој беа повторно освоени одлични резултати.

– Иван Буриќ, V одделение под менторство на наставничката Љубица Тодороска го освои I место. Елена Веруш IV одделение, под менторство на учителката Валентина Трпческа ја освои III награда, а Митко Савев VI одделение, под менторство на наставничката Валентина Петроска беше пофален, информираат од ОУ „Григор Прличев“.

Во понеделникот се одржа и државниот натпревар по германски јазик, на кој исто така беа постигнати одлични резултати.

– Нина Стевоска VII одделение, под менторство на наставничката Моника Герасимоска го освои II место, додека Емилија Николовска VII одделение под менторство на наставничката Моника Герасимоска го освои III место, додаваат од училиштето. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука