јуни 21, 2018

Киев, 21. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Украинскиот опозициски лидер Јулија Тимошенко објави дека планира да се кандидира на претседателските избори што треба да се одржат во 2019 година.

Ова го објави Тимошенко денеска на видео конференција преку нејзиниот профил на социјалната мрежа Фејсбук. Таа рече дека ќе влезе во претседателската трка за да ја застанела Украина на нозе.

– Претседателскиот кабинет за мене не е плеј стејшн, туку место за претставување на реалните промени кои требаат на нашата земја, рече Тимошенко.

Таа најави и дека ако ја изберат за претседател ќе иницира референдум за нов Устав со кој, како што рече, ќе се демонополизира моќта на властите кои би имале поголема контрола од општеството. Тимошенко рече и дека никогаш нема да престане да се бори Крим и другите источни украински територии да се вратат под контрола на Киев. (Крај)

извор: Р.С Европа фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука