јуни 28, 2018

Анкара, 28. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговите партнери во владата се договорија да не ја продолжуваат вонредната состојба во земјата, која истекува во јули, пренесува провладиниот медиум „Сабах“.

Вонредната состојба беше воведена по неуспешниот државен удар во 2016 година и беше продолжувана на секои три месеци.

Ердоган претходно месецов изјави дека таа ќе биде укината ако победи на изборите, кои се одржаа минатата недела и на кои Ердоган го обнови својот претседателски мандат, а неговата Партија на правдата и развојот со партнерите освои мнозинство во парламентот.

Турција за неуспешниот државен удар го обвини исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој е во егзил во САД, и ги негира обвинувањата за оркестрирање на пучот.

Турција досега притвори 160 000 лица и отпушти речиси исто толку државни службеници по неуспешниот воен пуч, говорат податоците на ОН. (Крај)

извор: Нова Македонија фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука