јуни 29, 2018

Охрид, 29. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Со сериозна и професионална работа годиниве наназад, охридските „Тамаро“ маркети се профилираа како водечки бренд во Охрид, а веќе имаат свој маркет и во соседна Струга.

За нивниот најнов, како што велат мега-проект „Тамаро Family“, во „Радио Корнер“ на Супер радио разговаравме со Јулија Сиљаноска одговорна на три „Тамаро“ маркети и надворешниот соработник и обучувач Антонио Стаматоски.

Супер радио: Целта на една малопродажна компанија се задоволни купувачи, а патот кон успехот секогаш води преку задоволни вработени. На кој начин компанијата „Тамаро“ се труди да го подигне степенот на задоволство во редовите на своите вработени?

tamarokorner2Сиљаноска: „Тамаро“, како водечки маркети во Охрид и Струга, продолжуваат со внесување на нови содржини во работата, кои имаат за цел да се подобрат работните услови за вработените, а преку нив да се стигне до секогаш задоволни и почитувани купувачи. Преку најразлични проекти се трудиме високо мотивираните вработени да ги наградиме, таков е проектот „Тамаро Family“, под слоганот „Еден маркет, едно семејство“ го крева овој исклучително важен сегмент во работата на секоја компанија на едно сосема ново ниво. Нашиот надворешен обучувач, Антонио Стаматоски работи со одговорните лица во секој од сегментите на „Тамаро“ на делот за максимално подобрување на стандардите на работа, односот кон купувачите, хигиената, среденоста и поставеноста на маркетите, начини на решавање на проблеми и слично.

Супер радио: За вработените да се задоволни треба и да се мотивирани. Како „Тамаро“ ги мотивира вработените?

Стаматоски: „Тамаро“ посветува особено внимание на мотивацијата на вработените. Како фирма која почнала со само еден маркет, главните менаџери на „Тамаро“ добро знаат дека мотивираните и високо-способни вработени се носечката сила на секоја модерна и динамична компанија. За таа цел, се организираат и бројни акции, посебни награди и тим билдинг активности, кои имаат за цел компанијата да функционира како едно семејство – „Тамаро Family“ и да се оправда слоганот дека „Тамаро“ е „Еден маркет, едно семејство“. Има различни начини како вработените да бидат мотивирани на работното место, нормално тоа е платата, но тоа не е се`. Сепак тие треба и да се чувствуваат среќни и задоволни на своето работно место, а кога тоа задоволство постои, тогаш тоа се рефлектира и врз резултатите и може да се напредува во компанијата. Во „Тамаро“ кога вработените максимално се вложуваат во работата, одговорните тоа го препознаваат, наградуваат и тоа е тој круг кој носи задоволство и мотивација кај вработените.

Супер радио: Кои карактеристики во „Тамаро“ најмногу се ценат кај вработените?

Сиљаноска: Она што „Тамаро“ како компанија особено го цени кај своите вработени е иновативноста, внесувањето на лични идеи во работниот процес, одговорноста, креативноста, следењето на насоките на одговорните лица и сл. На највиско ниво се цени тимската работа и во една голема компанија таа треба беспрекорно да функционира.

tamarokorner3Супер радио: Како функционира во компанијата односот купувач-продавач?

Стамаотоски: Односот продавач-купувач е многу важен за „Тамаро“.  Во обуките во кои сум вклучен, ова е едно од најзначајните прашања. Дел од обуките се однесуваат и на начините како да се пристапи кон купувачите, на љубезноста кај вработените која секогаш мора да биде на високо ниво итн. Преку интерните обуки работиме со вработените на зголемување на степенот на иновативност, креативност, одговорност, самоиницијативност, грижата за сопствениот изглед, колегијалноста, принципелноста итн. Сето тоа го правиме за купувачите во „Тамаро“ секогаш да имаат позитивни искуства при пазарењето.

Супер радио: Зад Вас како компанија се безброј проекти, а помеѓу последните е и „Тамаро Family“. За каков проект станува збор?

Стаматоски: Проектот „Тамаро Family“ е големото изненадување од менаџерскиот тим за најдобрите вработени, односно за оние кои вложуваат најмногу кретивност и посветеност во работата. Во ноември оваа година, 20 вработени од секој оддел ќе заминат на пет дневна екскурзија по најубавите Балкански земји и ќе ги посетат прекрасните градови – Будимпешта, Дрезден, Виена и Прага, каде ќе замине највредниот дел од „Тамаро Family“. Покрај тоа, посебни изненадувања ќе има и за најдобрите тимски играчи на секои 40 дена.

Супер радио: На што се должи успехот на „Тамаро“ маркетите?

Сиљаноска: Во рамките на „Тамаро“ функционираат десет маркети со 205 вработени од кои се 30 во производство, имаме три месари, слаткара, пекара и рибара. Успешни сме затоа што работиме во врвно опремени објекти, со високо-мотивирани вработени, по најприфатливи цени за максимално задоволни купувачи.

bistrocorner1

Емисијата „Радио Корнер“ се емитува секој работен ден од 12:00 до 14:00 во живо од Bistro Corner. Водител е Александра Алексијевска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука