јули 6, 2018

Охрид, 6. јули 2018 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва на плажата „Немо“ се отвора првото издане на Lake Summer Fest, тридневен фестивал кој неофицијално ја отворa новата туристичка сезона.

Фестивалот носи познати Dj имиња, меѓу кои и едно навистина големо име Dj Darren Emerson. Тридневна влезница чини 650 денари, може да се купи во сите „Тамаро“ маркети во Охрид и Струга, а online преку преку www.mktickets.mk.

Од локалните Dj-и вечерва со свој сет ќе го слушаме и Dj Jane од Супер радио, заедно со американскиот Dj со македонско потекло Niki4 и белграѓанецот Nikolas. Втората вечер на 7-ми јули настапува главната ѕвезда Darren Emerson со поддршка на Maci Stojanovic и Dejan Dex. Фестивалот се затвора во недела од 14:00 часот до зајдисонце со настапите на гостите од Белград Nanna Delay и Nicolas и битолчаните ConTruDj.

Денес преку „Радио Корнер“ поблиску се запознавме со белграѓанката Nanna Delay која за прв пат ќе настапи пред македoнска публика.

Супер радио: Nanna, од кога се занимаваш со дј-ство?

Nanna Delay: Јас од многу мала, од 12 годишна возраст почнав да се интересирам за електоронската музика, а малку подлабоко почнав да „чепкам“ низ жанровите пред 10-тина години. Во периодот од 2007-2009 година почнав малку поупорно да работам и почнав и со продукција на сопствени траки.

Супер радио: Какви жанрови миксаш во твоите сетови?

Nanna Delay: Она што можам да го наречам прва љубов, после класичното techno, тоа е  tech-house правецот. Експериментирав и со dub, следеа и други жанрови, но она што најмногу ми лежи е tech-house.

Супер радио: Tech-house сет, тоа е она што ќе го слушаме на твојот настап во недела на Lake Summer Fest?

Nanna Delay: Сетот планирам да го почнам малку deep, потоа да се надоврзам со tech-house, или некој потврд звук, но сето тоа ќе зависи од тоа како ќе биде расположена и како ќе реагира публиката.

Супер радио: Си имала ли можност досега да ја запознаеш македонската публика?

Nanna Delay: Како артист не, досега не сум настапувала во Македонија, во Охрид за прв пат ќе настапам. Но, во Скопје бев подолго време, околу година и пол, па добро се запознав со скопските клубови, со артистите, музиката и публиката во Скопје.

Супер радио: Бидејќи добро ја познаваш скопската клабинг шема, каков е твојот впечаток за македонската публика?

Nanna Delay: Во Скопје ја „впив“ таа специфична позитивна енергија која ја има македонската публика и да бидам искрена ептен ми „легна“. Ги посетував забавите со огромна насмевка и полно срце, заедно со луѓето кои ме воведоа во скопскиот клабинг живот. Презадоволна сум и ептен ги сакам Македонците. Навистина се потрудивме сето тоа да биде одлично, ги поканувам сите кои ја сакаат електронската музика да дојдат на плажата „Немо“ и да бидат дел од првото издание на Summer Lake Fest. Јас настапувам на 8-ми јули, во недела од 14:00 часот. Мојот сет ќе трае околу два часа, со свој сет ќе се надоврзи Dj Nicolas, со кој во зависност од тоа како ќе се разивва забавата можеби ќе имаме и back-to-back момент, a ќе бидат тука и битолчаните ConTruDJ.

bistrocorner1

Емисијата „Радио Корнер“ се емитува секој работен ден од 12:00 до 14:00 во живо од Bistro Corner. Водител е Александра Алексијевска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука