јуни 27, 2019

Скопје, 26. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – Од Фудбалската федерација на Македонија најавија дека е склучен договор за реконструкција на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид и „Чаир“ во Скопје.

Реконструкцијата ќе се изврши во соработка со општините, а преку програмата за развој на УЕФА. Првиот човек на македонскиот фудбал (ФФМ), Муамед Сејдини вели дека ова е дополнителен импулс со цел обезбедување на една убава иднина.

– Ова се крупни проекти од исклучително значење, но и дополнителен импулс за локалната самоуправа, сѐ со цел да обезбедиме убава иднина за нашиот фудбал. Се обидуваме да помогнеме секаде и на секаков начин и искрено се надевам дека тоа ќе го направиме според договореното и согласно нашите и принципите на УЕФА, изјави Сејдини. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука