јуни 28, 2019

Охрид, 28. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – Мене, исто како и мојот претходник, партијата не ми треба, јас ѝ требам нејзе, изјави во интервју за Призма градоначалникот на Охрид, д-р Константин Георгиески.

На последните избори во Охрид тој го победи противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ за речиси 4.000 гласа, додека неговата партија на претседателските избори во овој град доби 1.000 гласа помалку од опозицијата. Георгиески е лекар, специјалист по интерна медицина и има приватна ординација. За себе вели дека не е некој што одел по штабови или лепел плакати.

За Призма тој зборува за повеќе актуелни прашања како дивоградбите, самоволието на локални моќници и УНЕСКО.

Според Георгиески, принципиелно е прашањето околу уривањето на дивоградбата на советникот од редовите на ДУИ Нефи Усеини, кој е неспорно е, вели тој, дека ја подига натстрешницата без дозвола. Георгиески сепак потенцира дека таа е само една од многуте охридски дивоградби.

„Ако земеме да отстрануваме диви градби, ќе ги отстрануваме сите, нема само таа.“

Принципот „или ќе се руши сѐ или ништо“ на градоначалникот наведува на заклучок дека барем летово нема да „падне“ објектот на проблематичниот инвеститор.

„А, зошто сега прво да го урнам објектот што е кај Чинарот? Има шест-седум познати плажи во Охрид што се дивоградби, плажи каде што одат сите туристи и вие од Скопје одите и јас таму навечер пијам кафе, ама знам дека се дивоградби. Значи, по кој редослед да уриваме, сега? Треба сѐ или или ништо, ама најмалку сред сезона.“

Проблем е и тоа што во моментов општината нема ангажирано фирма за уривање. На последната седница советниците го изгласале ребалансот на општинскиот буџет со кој се обезбедени околу 25.000 евра и неделава се очекува општината да распише тендер за фирма-уривач.

Комплетното интевју ОВДЕ. (Крај)

извор: Призма фото: БИРН

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука