јули 5, 2019

Охрид, 5. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – ОСУ „Св. Климент Охридски“ ги објави резултатите од екстерните испити за државна матура во учебната 2018/2019, во јунскиот испитен рок.

На нивната веб страница, матурантите може да ги најдат комплетните резултати по одделните предмети кои ги полагаа.

Доколку имаат приговори, средношколците истите ќе може да ги поднесуваат денес, 5-ти јули и понеделник и вторник, 8-ми и 9-ти јули во периодот од 08:00 до 15:00.

Резултатите од испитите, упатство и формулар за поднесување приговор може да најдете ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука