јули 16, 2019

Охрид, 16. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Пешачкиот премин на булевар „Туристичка“, веднаш до „Охридска банка“ од вчера е ограден со пластични препреки.

Откако пред еден месец пешачкиот премин беше прецртан, сега се поставени пластични препреки. Тогаш од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид за Супер радио и OhridPress информираа дека поради гужвата која се создава на овој потег после кружниот тек одлучиле да биде укинат овој премин, а пешаците да го користат пешачкиот наспроти пазарот на речиси 100 метри оддалеченост.

Пешаците и покрај забраната и понатаму го користат и претрчуваат преку овој премин. Вчера беше забележливо и присуство на полициски службеници кои ги опоменуваа граѓаните. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука