јули 17, 2019

Охрид, 17. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Веста за пластичните препреки со кои се прави обид да се оневозможат пешаците да поминуваат на некогашниот пешачки премин кај „Охридска банка“ беше една од најкоментираните изминативе 24 часа на OhridPress.

Пред еден месец пешачкиот премин беше прецртан со боја, сега се поставени пластични препреки. Тогаш од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид за Супер радио и OhridPress информираа дека поради гужвата која се создава на овој потег после кружниот тек одлучиле да биде укинат овој премин, а пешаците да го користат пешачкиот наспроти пазарот на речиси 100 метри оддалеченост.

Коментарите на охриѓани се како и секогаш поделени, но доминира ставот дека сепак не се работи за најсреќно решение. Деновиве, за да се почитува одлуката, периодично на овој потег имаше и полиција, што кај охриѓани редовно предизвикува контра-ефект. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука