јули 18, 2019

Охрид, 18. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Веста за најавата на министерот за транспорт Горан Сугарески дека од идната година ќе биде пуштен автопатот Кичево-Охрид, на потегот до селото Врбјани беше една од најкоментираните изминативе 24 часа на OhridPress.

Граѓаните генерално ја поздравуваат оваа одлука и бараат колку што е можно побрзо да се стави во употреба комплетниот патен правец до Кичево и потсетуваат дека истиот однесе веќе премногу човечки животи.

Голем дел од нив не веруваат во најавата и изразуваат негодување поради предолгиот период кој помина откако отпочна изградбата на автопатот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука