јули 19, 2019

Скопје, 19. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Премиерот Зоран Заев најави дека државата ќе ги преземе ингеренциите во градежништвото од општините Струга и Охрид со цел да бидат исполнети препораките на УНЕСКО за да не биде ставен Охридскиот регион на листата на загрозено светско наследство.

Заев кажа дека сѐ уште го нема добиено писмото од струшкиот градоначалник Рамиз Мерко во кое тој вели дека ги пpeдава надлежностите во градежништвото на Владата, но рече дека кога ќе бидат исполнети законските услови, државата ќе ги преземе ингepeнциите.

– Го немам уште добиено писмото од господинот Мерко, а слушнав дека и Охрид сака да ги отстапи надлежностите во градежништвото. Државата ќе ги земе ингеренциите заради обвpcка. Обвpcката е средување на Охрид, Охридското Езеро и охридската околина заради УНЕСКО, но и заради ставање на ред и поредок на одредени девиjaнтни пojaви кои што се случуваат таму. Нашата намера е да постапиме согласно закон. Да избереме компании кои што ќе направат извршна постапка, ќе си тргнат записник по записник, дел по дел, да го исполнат тој дел од нашите обврски пред УНЕСКО, но и пред граѓаните. Владеење на закон, отстpaнување на нeeлегално изградени објекти кои што немаат право на легализација. Но, првин мора по закон да бидат исполнети условите за одзeмање на ингepeнциите, кажа Заев, одговарајќи на новинарско прашање за писмото на Мерко, на прес-конференција во Владата за Законот за Јавно ooбвинителство. (Крај)

извор: Инфомакс фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука