јули 21, 2019

Охрид, 21. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Тешка сообраќајна незгода се случи вечерва после аеродромот во Охрид, пред селото Мешеишта.

Според првичните информации, сообраќајката се случила помеѓу патничко возило и моторцикл. Повредено е лицето кое било на моторот, но е контактибилно.

Полицијата врши увид на местото на незгодата и го регулира сообраќајот, кој поради несреќата се одвива отежнато. (Крај)

извор: фактор.мк фото: фактор.мк

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука