јули 23, 2019

Охрид, 23. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – На охридскиот Факултет за туризам и угостителство ќе може да се запишат ќе има место за 300 нови бруцоши.

Според објавениот конкурс по 50 места има на насоките туризам и царина и шпедиција, 45 за менаџмент во услужен сектор, а по 40 на осигурување, гастрономија и хотелско – ресторански менаџмент.
И оваа академска година се активни студиските програми на англиски јазик, на насоката туризам ќе може да се запишат 10, а на царина и шпедиција 25 студенти.

Редовни студенти во државна квота, со партиципација од 200 евра ќе се запишат вкупно 125, редовни со кофинансирање од 400, односно 600 евра – 110, а има место и за 65 вонредни студенти, со партиципација од 400 евра.

Првиот уписен рок ќе се реализра на 29-ти и 30-ти август, вториот на 13-ти и 16-ти септември и третиот на 24-ти септември.

Како член на Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола, на охридскиот факултет нема да плаќаат партиципација лица без родители помлади од 26-годишна возраст, доколку се невработени, лица со инвалидност, воени инвалиди и лица растени во домови за напуштени деца. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука