јануари 26, 2015

Берлин, 26. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Германскиот канцелар Ангела Меркел изјави дека очекува новата грчка влада да ги почитува своите обврски кон меѓународните кредитори.

Ова го соопшти нејзиниот портпарол по победата на СИРИЗА на парламентарните избори во Грција.

– Според нас е важно новата грчка влада да преземе акција за да се погрижи за продолжување на економското заздравување на земјата, порачала Меркел, која додала дека „тоа исто така значи дека Грција треба да се придржува кон своите претходни ветувања“. (Крај)

извор: ОхридПрес/АФП фото: АП

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука