јули 30, 2019

Охрид, 30. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Општинската организација на Црвен крст на Република Македонија во склоп на кампањата „Твоето незнаење, чини живот“, денес одржа освежителен курс по прва помош за возачи со поддршка на стенд ап комичарите Стрезо Стаматовски и Никола Тодороски.

Курсот го одржаа обучени предавачи по прва помош, д-р Соња Стурлакова- Димоска и демонстратор по прва помош Георги Ставрески.

Црвен крст Охрид спроведува бесплатна летна кампања за освежување на знаењата по прва помош кај постоечките возачи. Целта е да се освежат знаењата на возачите, да се подигне јавната свест за потреба од обезбедување на прва помош во сообраќајот во случај на незгода и да се влијае кај доносителите на одлуки во државата за потребите од унапредување на квалитетот и знаењата за прва помош во секојдневното живеење, со посебен акцент на возачите.

Image may contain: 3 people, indoor

Image may contain: 13 people, people smiling, people sitting, living room and indoor
Сите кои сакаат бесплатно да посетуваат освежителна обука по прва помош за возачи, може да се пријават на следниот линк . (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука