август 19, 2019

Њујорк, 19. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Бројот на бегалци во светот достигна рекордни 70 милиони луѓе, соопштија Обединетите нации, додавајќи дека толкав број на бегалци не е забележан уште од Втората светска војна.

Во соопштението на германскиот огранок на УНХЦР, објавено пред Светскиот ден на хуманитарноста, се наведува дека луѓето бегаат од војните, прогонот и последиците од глобалното затоплување.

Хуманитарната организација СОС Детско село објави дека минатата година се убиени или повредени 12.000 деца. Се додава дека илјадници се киднапирани и станале деца војници, а стотици илјади имаат сериозни трауми.

Најголем број убиени или повредени деца се регистрирани во Авганистан (3.062), Сирија (1.854) и Јемен (1.698).

– Овие бројки веројатно се и многу поголеми – предупреди главниот психолог во СОС Детското село, Тереза Нгиги. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука