август 19, 2019

Лондон, 19. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Слободното движење во Велика Британија за луѓето во територијата на Европската унија ќе заврши на првиот ден од Брегзит без договор. Ова следува и покрај предупредувањата од хаосот што ќе настане заради ваквата одлука.

Како што пренесува „Индипендент“, новата министерка за внатрешни работи Прити Пател притиска ова да се спроведе веднаш на 31 октомври, иако не се знае како ќе биде новиот систем за влегување во Велика Британија.

Либералните демократи оваа одлука ја сметаат за „брутална“, кажувајќи дека Пател се покажала како да е „тотално одвоена од реалноста“.

Организација која претставува над три милиони луѓе од територијата на Европската унија во Британија, изјавила:

– Ова ќе ја отвори вратата на дискриминацијата. Нема никакви заменски систем.

Други лица коментирале дека се отвараат и прашања од типот на „што ќе значи ова за оние луѓе од територијата на ЕУ кои имаат куќа во Велика Британија а патувале во странство, кога ќе се обидат да се вратат“?

– Да се забрани слободното движење значи и дека ние нема да можеме да им даваме безвременски и неконтролиран пристап на оние лица од земјите во Европската унија кои ќе доааѓат тука по работа – рекол извор за медиумот.

Некои го опишуваат ова и како „политички потег кој ќе има големо влијание врз животот на луѓето“. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука