август 21, 2019

Вашингтон, 21. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Стејт департментот одобри евентуална продажба на авиони-ловци Ф-16 за Тајван во вредност од осум милијарди долари, соопшти американската Агенција за соработка во областа на безбедноста и одбраната во официјален допис до конгресот.

Со таа продажба би биле опфатени 66 авиони, 75 мотори Џенерал електрикс, како и други системи, наведува Агенцијата.

Во соопштението се додава дека продажбата на авионите-ловци е во национален, економски и безбедносен интерес на САД, но и да му помогне на Тајван да ја одржи кредибилна одбраната. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука