август 27, 2019

Мадрид, 27. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Канадскиот актер Доналд Сатерленд на филмскиот фестивал во Сан Себастијан, Шпанија ќе добие награда за животно дело.

Во денешната објава се посочува дека 84-годишниот Сатерленд „талентирано прикажал десетици ликови во серија жанрови од драма, преку воен филм и трилер, до хорор и научна фантастика“.

Наградата ќе му биде врачена на 26-ти септември.

Тој во 2017 година доби почесен „Оскар“. Доналд Сатерленд глумеше во повеќе од 150 филмови. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука