август 29, 2019

Охрид, 29. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Сеуште не се знае дали во охридските основни и средни училишта в понеделник ќе се штрајкува.

Во повеќето од нив денес се одржуваа состаноци. За Супер радио и OhridPress изјавија дека сеуште немаат добиено известување како да постапуваат на првиот училишен ден. Од охридскиот огранок на СОНК добиле само информација дека попладнево ќе се одржи состанок, по што ќе се знаат следните чекори.

Синдикатот за образование , наука и култура излезе со најава дека новата учебна година во земјава ќе почне со еднодневен предупредувачки штрајк на просветните работници. Велат најавените 5 проценти за покачување на платите во септември и ланските 5% не ги задоволуваат барањата на наставниците. Тие побараа покачувањето да биде 25%.
Досега нема напредок во разговорите меѓу синдикатот и министерството за образование, неприфатливо е барањето за зголемување на платите, а ресорниот министер Арбер Адеми штрајкот го смета како непотребен. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука