септември 1, 2019

Охрид, 1. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во тек се уписите за курсевите за деца и возрасни во LiGo образовниот центар од Охрид, во партнерство со Семос Едукација.

– Наставата, трета година по ред, се одвива по сертифицирани програми од страна на искусни предавачи. Со нив, нашите ученици најлесно ги совладуваат компјутерските вештини, притоа добивајќи ја највредната национална и регионална диплома, онаа на Семос едукација. Нудиме годишни програми за: основни IT вештини, графички дизајн (Adobe Photoshop и Adobe Illustrator), анимација и мултимедија (After и Premier Pro), Веб дизајн и веб програмирање (HTML, CSS и Јavascript), Програмирање (основи на C++ и Напреден C++), порачуваат од LiGo.

Од оваа година започнуваме и со курсевите за најмладите, поточно за дечиња од 5-6 годишна возраст. Курсот, со интерактивен, забавен, прилагоден на возраста пристап ги воведува децата во светот на информатичките науки и ги подготвува за следните нивоа на едукација во сферата. Истовремено, LiGo Центарот најавува и нови курсеви за дизајн и програмирање, во насока на продолжување и надградувањена наобразбата на своите ученици во областа.

Она што е особено важно, зa да може да му се посвети повеќе внимание на секој учесник, е тоа што ќе се работи со ограничен број слушатели по група.

– Компјутерски добро образованиот ученик е ученик на светот. Тој е дел од глобалните процеси и ги ползува глобалните можности за едукација, посетува и полага испити преку интернет, посетува библиотеки, музеи, галерии, присуствува на веб семинари и работилници. Овозможете му на своето дете да биде еднакво со сите деца од светот. Нашите IT курсеви се влог во комплетната наобразба на нашите ученици, додаваат од LiGo.

Image may contain: 3 people, people smiling, text

Во тек е промотивниот попуст на сите курсеви. Како дополнителна поволност е плаќањето на 9 рати, како и попустите за рана уплата до 10-ти септември и попуст за учениците од претходните години.

Просториите на LiGo образовниот центар од Охрид, се наоѓааат на Булевар „Туристичка“, во Мини базарот на „Гранит” (веднаш до АРС Нова студио), а сите заинтересирани можат да добијат дополнителни информации на телефонот 071/300-500 или на официјалната Facebook страна на образовниот центар LiGo. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука