септември 14, 2019

Охрид, 14. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалерите на Охрид Лихнидос утре од 15:30 часот имаат шанса да ги освојат првите бодови во рамките на Втората лига. Гостин во емисијата Vanco PLAY на Супер Радио денес, од 11:00 до 13.00 часот беше претседателот на ГФК „Лихнидос“ Владимир Алексијоски.

– Во четвртото коло на втората МФЛ-запад ГФК „Лихнидос“ ќе игра против „Пелистер“ од Битола и се надеваме дека конечно после трите порази со кои не можеме да се пофалиме, ќе ги прокнижиме првите бодови. Но тоа е резултат на младоста и неискуството во нашиот тим. Преку цела недела имавме интензивни тренинзи и едноставно утре ќе ја дадеме душата на теренот. Сигурен сум дека ќе имаме убав натпревар, во добра атмосфера, а од страна на гостите најавени се и навивачи од Битола, истакна Алексијоски.

Тој ги повика сите љубители на фудбалот да дојдат на натпреварот, секако предводени од членовите на навивачката група „Рибари“, во што поголем број и да ги бодрат нашите фудбалери. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука