септември 23, 2019

Лондон, 23. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Британскиот туроператор Томас Кук банкротира со што се откажаа аранжманите на стотици илјади клиенти.

Претходно беше соопштено дека над 60 0 илјади туристи, клиенти на туристичката компанија се погодени од банкротот.

Компанијата во соопштение нагласува дека одборот „донел одлука дека нема друг избор освен да преземе чекори за задолжителна ликвидација“. Петер Франкхаузер директор на Томас Кук им се извини на клиентите, вработените и партнерите на компанијата. (Крај)

извор: Локално фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука