септември 30, 2019

Охрид, 30. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници од Охрид и годинава го одбележаа големиот христијански празник „Свети маченички Вера, Љуба, Нада и Софија“ во малата црква во туристичката населба Лагадин.

Заедничкото одбележување се одржа денес, на самиот празник, со почеток во 14:30 часот.

Image may contain: 4 people, crowd, tree and outdoor

Ктиторот на овој мал верски објект Љупчо Патчев ја изгради малата црква пред 19 години, по повод одбележувањето 2000 години од христијанството. Секоја година на овој ден, верниците палат свеќи оддавајќи почит кон четирите маченички и молејќи се за здравје и благосотостојба на нивните блиски.

Трите сестри Љубов, Вера и Надеж и нивната мајка Софија заради својата вера и љубов кон Христа биле погубени. Тие живееле во првата половина на вториот век по Христос за време на владеењето на императорот Хадријан. Во овој период врз христијаните биле вршени големи прогони. Таа судбина ги снашла и Софија и нејзините три ќерки Љубов, Вера и Надеж. Биле измачувани затоа што одбиле да принесат жртви пред идолот на Артемида. Трите сестри биле измачувани пред очите на нивната мајка за потоа да им бидат отсечени главите.

Мајката Софија ги погребала телата на своите три ќерки и откако поминала три дена и ноќи во молитви над нивниот гроб, го предала својот дух на Бога. (Крај)

извор:ОхридПрес фото: Митко Лукан

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука