јануари 27, 2015

Мелбурн, 27. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – По пауза од скоро три децении, фудбалерите на Јужна Кореја обезбедија учество во финалето на азискиот куп.

Вчера во првиот полуфинален дуел фудбалерите на селекторот Ули Штилике го победија Ирак со 2-0 и за првпат по 1988 година ќе играат финален натпревар за титулата на азискиот континенталент шампионат.

Во второто полуфинале денеска, ќе играат домаќинот Австралија и селекцијата на Обединети Арапски Емирати.(Крај)

извор: Спорт ТА фото:архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука