октомври 21, 2019

Охрид, 21. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во ОУ „Григор Прличев“ во Охрид денес се реализира Отворен ден на граѓанското образование.

– Денес беа реализирани бројни активности кои покриваат повеќе образовно-воспитни програмски подрачја. Во корелација со повеќе предметни области и соработка со Локалната самоуправа наставниците реализираа активности со учениците од осмите и деветтите одделенија. Како и паралелката VII 2 кои беа вклучени во хуманитарната акција под мотото „Од срце за Јана“. Во училиштето веќе една недела се реализира хуманитарна акција за собирање на пластични шишиња и лименки од чија продажба парите ќе се донираат за Јана. Всушност, во соработка со Црвен Крст Охрид претходно нашите ученици веќе се вклучија за прибирање на средства под заедничкото мото. Во училиштето се реализира ликовна изложба каде учениците од ликовната секција испратија моќни пораки за важноста на заедничкиот соживот, учениците по предметот информатика изработија постери со пораки против сајбер насилството, а учениците кои ја организираа хуманитарната акција „Од срце за Јана“ го елаборираа целиот свој процес на организација и реализација. Самиот настан започна со читање на пораки на неколку јазици, различни ученици на македонски, албански, турски, англиски и германски јазик ја испратија пораката за мир додека во позадина се слушаше „Ода на радоста“, химната на ЕУ. Настанот беше збогатен со презентации на темите: „Болести на зависност“ и „Антикорупција“ овие теми ги презентираа ученици, додека покрај нив се реализира и предавање од страна на претставници на Отсекот за превенција во координација со Отсекот за компјутерски криминал при СВР Охрид. Темата на ова предавање беше „Безбедност во училиштето и надвор од него“. Во училишниот двор учениците засадија и птуи кои токму за овој настан беа донирани од ЈП „Охридски Комуналец“. А настанот заврши со фудбалски натпревар каде учениците заедно навиваа и имаа можност да се опуштат од успешно реализираните активности, информираат од училиштето.

Image may contain: 4 people, people smiling, people standing

Image may contain: 16 people, people smiling

Image may contain: 22 people, people sitting, table and indoor

Image may contain: 7 people, people sitting and indoor

Image may contain: 15 people, people smiling, people standing, child and outdoor

Носители на проектот се училишното раководство – директорот Сашо Ставрески, стручна служба Офелија Петреска – педагог, Анастасија Настеска – психолог и Виолета Асанчаровска Упарческа – професор по историја и граѓанско образование во нашето училиште. Вклучени со активности на овој Отворен ден беа и следните наставници: Мира Групчева, Моника Герасимоска, Билјана Маркоска, Лилјана Ставреска, Ристе Пуцоски, Марина Џ. Танасоска, Зора Ѓоршоска, Лилјана Ефтимовска, Перо Георгиевски, Зоран Георгиевски, Ангелко Трпеноски. Покрај нив како гости на овој настан беа заменик градоначалник проф. Ристе Николески, Зора Бушоска советник при Бирото за развој на образованието, како и претставници од ОУ „Христо Узунов“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука