ноември 2, 2019

Охрид, 2. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Амбасадорот Томас Герберих, градоначалникот на Охрид, д-р Константин Георгиески и директорката на Средното стручно училиште „Св. Кирил и Методиј“ од Охрид, Славица Костоска неодамна потпишаа договор за донација за опремување на училница по практична настава во висина од околу 340 илјади денари.

Средствата од Германската амбасада ќе бидат употребени за набавка на надгледни средства за спроведување на практична настава на медицинската насока.

– Овој проект е заедничка соработка со општина Охрид и градоначалникот Георгиески и Одделението за туризам и локален економски развој. Раководниот и проектниот тим на училиштето се залага постојано за унапредување на образовниот процес бидејќи учениците во ова училиште ја имаат единствената можност во градот да се образуваат во медицинската струка и целта ни е да образуваме кадри кои ќе го следат текот на модерните настани во медицинската област, велат од училиштето.

Стручното училиште „Св. Кирил и Методиј“ образува кадри од медицинска и економска струка. Финансиската поддршка од Малите проекти од буџетот на Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија има за цел унапредување на социјалниот и економскиот развој на земјата домаќин. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука