ноември 8, 2019

Рим, 8. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Италијанците мора од денеска да имаат инсталиран аларм во детските седишта во автомобилите, за да не ги забораваат децата во возилата.

Одлуката на Министерството за транспорт е донесена за да се спречат трагедии, како што се случи пред два месеци во Сицилија, кога татко го заборави детето во врел автомобил пет часа, а мислел дека го оставил во градинка.

Алармот се огласува кога детето е оставено во автомобилот, пренесува АП.

Одлуката се однесува на седишта за автомобили за деца под четири години.

Оние што не го почитуваат ова правило ќе бидат казнети со парична казна од 326 евра и ќе им бидат одземени бодови од возачката дозвола. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука