ноември 12, 2019

Охрид, 12. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Ученици од ОСУ„Св. Климент Охридски“ од Охрид постигнаа забележителен успех на меѓуучилишниот натпревар по италијански јазик кој се одржа викендов во Скопје.

– Јована Теговска го освои второто место, додека Ева Љушевска го освои третото место. И двете се ученички во II-6 клас во гимназијата, под менторство на проф. Кристина Љубисављевиќ- Петровска, информираат од ОСУ„Св. Климент Охридски“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОСУ„Св. Климент Охридски“

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука