ноември 16, 2019

Охрид, 16. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Станува ли Охрид дел од градовите каде воздухот е загаден. Граѓаните веќе реагираат на силниот мирис во воздухот во градот кој важи за вистинска воздушна бања.

– Излезете навечер, прошетајте по градот. Се чувствува силна миризба, а кога ќе дојдеме дома, алиштата мирисаат на чад и изгорено. Мора да се направи напор да се стави крај на оваа состојба. Ако треба некој да се казни, да се направи тоа веднаш, реагираат на социјалните мрежи.

Граѓаните потенцираат дека количината на Pm10 честички се движи од 112 до 351 на м3, што е исклучително високо ниво. Максималната дозволена граница за овие честички пропишана од ЕУ е 50 мг на кубен метар.

Денес ќе се промовира проектот преку кој е поставен првиот сензор за следење на еколошките параметри на воздухот во Охрид

Неодамна, во рамките на „Европскиот ден на соработка“, официјално беше промовиран проектот „Ефикасно користење на новите технологии за чист атмосферски воздух – AIRTHINGS“, кој е дел од Програмата „Интерег Балкан-Медитеран“ на Европската Унија. Во рамки на овој проект пред зградата на Општина Охрид беше поставен првиот сензор за следење на еколошките параметри на воздухот.

Проектот предвидува поставувањето на 11 сензори на различни локации на јавни институции за следење на еколошки параметри на подрачјето на општина Охрид, како и поставување/инсталирање на 15 филтри за домаќинства кои користат цврст енергенс за затоплување на своите домови.

Image result for pm 10

Што се PM честички?

PM честички се ситни честички (тврди или течни) што се присутни во воздухот. Некои покрупни честички како што се прашина можат да се видат со око, но поситните честични можат да се видат само под микроскоп. PM честичките се мерат во микрометри или скратено микрони. Обликот материјалот и дистрибуцијата на облик и маса од кој што се изградени драстично варира од регион до регион и од период до период. Во урбаните средини, PM честичките можат да битат од најразлична природа во себе вклучувајќи и разни хемикалии и отрови штетни поздравје. Во PM честички спаѓа и поленот (до 100 микрони) кој е една од причините за пролетни алергии.

PM честичките најчесто се мерат во микрограми на метар кубен за димензии PM2,5 и PM10. При тоа PM2,5 ги опфаќаат сите честички што се помеѓу 0 и 2,5 микрометри. PM10 ги опфаќаат сите честички што се помеѓу 0 и 10 микрометри. Според светска задравстена организација, дозволената грацина за PM10 честички во текот на 24 часа изнесува 50 микрограми/м3 додека за PM2,5 изнесува 25 микрограми/м3.

Image result for пм10 честички

Кои се изворите на PM честички во Македонија

– 32% Домаќинства
– 20% Сообраќај
– 19% Градежни активнисти, улична прашина
– 18% Индустрија
– 7% Сулфатни соли
– 2% Нитратни соли
– 2% Прекуграничен пренос

Image result for pm 10 mask

Како PM честичките влијаат на нашето здравје?

Со едно вдишување внесуваме илјадници PM честички кога воздухот е загаден. Крупните честички се налепуваат на респираторните патишта и скоро и не стигнуваат до белите дробови. Ситните честички се многи поопасни. Тие стигнуваат до белите дробови, а тие поситни од 2,5 микрометри директно навлегуваат во крвотокот и се дистрибуираат низ остатокот од огранизмот. Според докторите, дишењето на загаден воздухот може да предизвика мозочен урад, сицеви заболувања, рак на бели дробови и други болести. Овие болести, кои се последица од аерозагадувањето, се водечка причина за смрт на подрачјето на Македонија во зимскиот период. Само од аеро загадувањето има до 1.200 смртни случаи на годишно ниво. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука