ноември 19, 2019

Охрид, 19. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – ОУ „Ванчо Николески“ од село Лескоец е вклучено во две годишната програма на ЕРАЗМУС – „Стратешки партнерства за училишна размена“, со училишта од Полска, Турција, Грција, Италија и Португалија.

Претседателката на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска, ги прими претставниците од Измир – Турција, Сасари – Италија, Ксанти – Грција и Гдањск – Полска, кои се во посета на ОУ “Ванчо Николески“.

Образованието е предуслов за упешно општество, а размената на искуства и методи на работа, се од непроценлива важност. Различните култури и традиции се богатство кои ги обединува луѓето – истакна на средбата Ангелоска.

Учениците и наставниците ќе работат на спроведување на заедничкиот проект „Бришење бариери преку споделувања богатства“. Главната цел на проектот е да се ангажираат учениците да соработуваат со своите врсници од различни земји и култури и зачувување на единствениот европски културен простор. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука