Вашингтон, 7. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Александер Зверев ја освои четвртата титула во 2017 година, предупредувајќи ги ривалите дека неговото време доаѓа.20-годишниот Германец го победи Јужноафриканецот Кевин Андерсон со 6:4,6:4 за да освои 355.460 долари и трофеј од Сити опен во Вашингтон.
Светскиот рекет број 8 загуби само девет поени на свој сервис и стана најмладиот тенисер кој освоил четири титули во една година првпат по Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро во 2008 година.
Во женското финале, светската тенисерка број 58, Екатерина Макарова спречи германска доминација турнирот, победувајќи ја со 3:6,7:6,6:0 40-рангираната Јулија Гергес за трет трофеј во кариерата.
Макарова немаше титула од Патаја сити во 2014 година. Таа го освои првиот ВТА-трофеј во Истбурн во 2010 година. (Крај)
извор: Спортмедиа.мк фото: архива