август 8, 2017

Струга, 8. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Утрово избувна пожар во куќа на улицата „Пролетерски Бригади“, во центарот на Струга.

Пожарот бил пријавен околу 10:00 часот.

Со брза интервенција на противпожарната служба која интервенирала со три возила била спречена поголема материјална штета. До овој момент нема потврдени информации за причините кои довеле до пожарот. (Крај)

извор: Strugaonline фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука