септември 24, 2020

Бразилија, 24. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Патници сакаат проѕирни пластични прегради во авионите за да се чувствуваат сигурно во време на пандемијата на коронавирусот и не веруваат во тврдењата за високиот квалитет на воздухот, предупредиле водачите на авиосекторот.

Останатите трендови се да се вклучи поголема раздалеченос меѓу седиштата во бизнис класата, во авионите со тесен труп апарати со сензори во тоалетите и трајна пренамена на патничките авиони во товарни, е заклучокот на панелот оддржан на онлајн конференција МРО Азија-Пацифик.

Ембрера СА ја разгледува можноста за вградување на пластични прегради за повеќекратна и за еднократна употреба во млазните авиони на регионалните летови, изјавила водителката на азиско-пацифичкиот оддел на бразилскиот произведувач на авиони Лаис Порт Антунес.

Проблем е дека преградите мора да бидат лесни, отпорни на висока температура и не смеат да го попречат чистењето на авионите и евакуацијата, додала таа.

– Современите авиони веќе се опремени со извонредна технологија за филтрирање на воздухот, Патниците би требало да се чувствуваат сигурно во авионите, но мора да видат дека нешто се превзема – објаснила Порт Антунес.

Патниците не посакуваат помалку места во економската класа бидејќи стравуваат од повисоки цени на картите, но превозниците мора да ги уверат дека ќе бидат сигурни, објаснува извршниот директор на компанијата Singapore Technologies Engineering Tan Hean Seng.

Благодарение на преградите меѓу седиштата патниците би можеле да се чувствуваат безбедни, посебно во време на оброкот, кога ги симнуваат маските и постои можност за контаминација – истакнал Тан, додавајќи дека неговата компанија веќе развила прототип.

Во деловната класа авионските компании веќе покажуваат интерес за испружени седишта бидејќи планираат да користат авиони со тесни трупови на подолгите рути, рекол потпретседателот на одделот на Боинг за специјални производи и услуги.

Патниците од премиум класата се заинтересирани за решенија во вид на капсули како и голем интерес за врати и за скалесто поставвање на седиштата. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука