јуни 26, 2018

Охрид, 26. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Како загревање за првото издание на Lake Summer Fest, во четврток, 28-ми јуни, со почеток во 22:00 часот, во Liquid Cafe ќе се одржи забава со Dj Niki4.

Dj Niki4 е американски дј со македонско потекло. Роден е во Скопје, а во САД се преселил во 2002 година. Со диџејство се занимава околу 12 години, а во рамките на првата вечер на Lake Summer Fest најавува сет со хаус, EDM, техно и тек-хаус музика.

Повеќе за Lake Summer Fest и Dj Niki4 ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука