март 28, 2024

Охрид, 28. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 27-ми март 2024 година, на подрачјето на СВР Охрид извршена е контрола на возилата кои вршат јавен превоз на патници – автобуси и такси возила.

– Притоа, контролирани се вкупно 101 возило, од кои 68 во Охрид, 11 во Струга, 15 во Кичево и 7 во Дебар, од кои кај едно возило во Охрид и едно во Струга, констатирана е техничка неисправност на системот за сопирање. По целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука