јануари 4, 2017

Њујорк, 4. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Класифициран е нов човечки орган во дигестивниот тракт, наречен мезентериум.

Иако се знае сè за неговата структура, неговата функција останува непозната.

Долго време се верувало дека мезентериумот претставува комплексна структура со делови, кои овозможуваат нервите и крвните садови да дојдат до црвените клетки и да го држат системот „на место“. Меѓутоа, неодамнешните истражувања покажуваат дека станува збор за еден, континуиран орган.

Благодарение на новите истражувања, медицинските учебници ќе претрпат промена, а мезентериумот конечно ќе добие статус на орган.

Ова откритие ќе го промени целото разбирање за структурата на човечкото тело, а со именувањето на органот, целата област на медицината ќе доживее промена која на докторите ќе им помогне подобро да го сфатат човечкото тело и да лекуваат одредени болести.

Докторите и студентите по медицина имаат голема задача: да ја пронајдат функцијата на новиот орган и да откријат каква улога има кога станува збор за болестите поврзани со абдоменот. (Крај)

извор: Факултети фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука