февруари 2, 2015

Глендејл, 2. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – НФЛ тимот на New England Patriots е освојувач на 49-от Супербоул, откако во драматичен меч ги совладаa Seatlle Seahawks со 28-24.

Натпреварот беше решен во самиот финиш откако во последните 15 минути Патриотс ја надополнија негативата од десет поени. Во последната четвртина Том Брејди постигна два тачдауна и на својот тим му ја донесе победата.

За New England Patriots ова е четврта титула во историјата во НФЛ-лигата и сите четири ги освои под водство на тренерот Бил Беличик и одличниот квотербек Том Брејди.

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука