Sebrit CanoSki: Се трудам да им ги исполнам сите музички желби на моите пријатели

Охрид, 7. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – После многу селами, покани да не посети и поздрави преку интернет, ни пиша дека е во Охрид. И покрај снегот и мразот кои не изненадија и годинава, реагиравме најбрзо и во рок од половина час се сретнавме во Супер радио.

ДА – И НИЕ ИМАМЕ МЕГА ИНТЕРВЈУ

Супер радио: Г-дин Singer Sebrit CanoSki Jack Gullit. Legendary Footballer and professional billiards player Вие сте исклучително познат и популарен на интернет. Сепак за оние кое не Ве знаат, кој е Singer Sebrit Cano Ski Jack Gullit. Legendary Footballer and professional billiards player?

Sebrit CanoSki: Јас сум Себрит Цаноски Џек Гулит. Инаку сум од Октиси, Струга. Живеам во Грац, Австрија. Уште како дете се занимавав со музика, пеев и свирев хармоника. По некое време заминав за Австрија, каде играв фудбал и се занимавав и со некои други дејности. Професионално со музика почнав да се занимавам од пред три години и станав многу популарен на интернет и кај моите пријатели на Facebook.

Супер радио: Кога заминавте за Австрија? Што се работевте таму пред да започнете да работите со музика?

Sebrit CanoSki: Во Австрија заминав 1989 година, почнав да играм ногомет, па после почнав да работам некои други работи, фасадерски работи. После почнав да пеам по кафеани како аматер певач и долго време се занимавав со музика. Моментално сум еден од најпопуларните певачи во интернет.

Супер радио: Кога се претставувате наведувате дека сте и professional billiards player. Играте билијард професионално или?

Sebrit CanoSki: Се занимавам професионално и со билијард. Учествувам на многу турнири во Австрија, претежно во Грац. Имам освоено многу турнири и сум непобедлив.

Супер радио: Многу сте популарен на интернет. Сите бараат поздрав од Singer Sebrit CanoSki Jack Gullit. Legendary Footballer and professional billiards player. Како дојдовте на идеја за да снимате вакви видеа?

Sebrit CanoSki: Па јас имав тогаш многу слободно време. Тоа слободно време сакав да го искористам. Почнав со мојот син Џек Цаноски кој пееше некоја реп музика, па така решив да го снимам на Facebook, а Facebook јас пријавив пред три години. Прво почнав да снимам со него, пееше добро и сакав да го истакнам пред моите пријатели на Facebook. Па после јас направив една песна и ја пуштив. Моите пријатели ја прифатија и полека почнав да снимам. Ми бараа други песни, па имав голема подршка од моите пријатели од нашиот крај. Па почнаа да се јавуваат и пријатели од Босна, Србија, Косово, Црна Гора, Словенија и сите републики од бивша Југославија и од светот.

sebritcanoskisuperradio2Супер радио: Дали успевате да им ги исполните музичките желби и поздравите на сите кои го бараат тоа од Вас?

Sebrit CanoSki: На почетокот успевав да им ги исполнам сите желби, но покасно како што доаѓаше времето се зголемија нарачките и имаше голем број на мои пријатели на Facebook кои бараа песни, па така не можам на сите да им ги исполнам желбите, но се трудам и снимам колку што можам да им ги исполнам сите музички желби и поздрави на моите пријатели.

Супер радио: Шоу бизнисот го имате сфатено најсериозно. Покрај пеењето имате и специфичен стајлинг и посебен танц и кореографија. Тоа секако не е случајно?

Sebrit CanoSki: Па да. За шоу бизнисот треба да се знае дека покрај пеењето треба да знаеме да се понашаме со пријателите, добро да изгледаме, треба да направиме нешто, добро да играме и да биде интересно за нашите пријатели кои не гледаат.

Супер радио: Дали имате планови за да снимите некој албум, имате ли група која Ве следи?

Sebrit CanoSki: Сега моментално гледам да почнам професионално да се бавам со таа работа. Да снимам албум со сопствени песни. Планирам да направам сопствено студио и професионално да се бавам со оваа работа и да ги поздравувам моите пријатели на интернет.

Супер радио: Пеете и народно и забавно. Дали останувате на ваков широк репертоар?

Sebrit CanoSki: Ги пеам сите песни и народно и забавно. Претежно сум определен за народната музика, но сепак познати ми се сите песни. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

scroll to top