април 8, 2020

Охрид, 8. април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Со интервјуа со бројни граѓани, Супер радио и OhridPress ја продолжуваат кампањата #SediSiDoma.

За тоа како го поминуваат времето во карантин, како најбрзо поминува времето, со кои активности најчесто го исполнуваат, денес разговараме со музичарот Мето Ди Флеш.

OhridPress: Како се справувате со карантинот. Дали следите постојано на медиумите што се случува или се одлучивте за комплетна изолација?

Мето Ди Флеш: Како поминува времето се потешко некако се справувам со карантинот. Ми фали галама и ноќните настапи кои повеќе децении се дел од мене. Пред се’ сакам да бидам информиран во врска со сите настани, сепак се работи за глобален проблем со кој се соочува нашата планета. Не го земам здраво за готово сето она што ќе го прочитам земам пред се информации од официјалните страни на светските здравствени организации вклучувајќи ја и нашата. Некогаш знаат фрустрирачки да делуваат врз мене, но јас сум оптимист по природа и верувам во подобро утре.

OhridPress: Неколку совети од Ваша страна, односно што практикувате во домот за побрзо да помине времето во изолација?

Мето Ди Флеш: Советот мој е да се испланира времето и состави агенда за дадениот ден. Кај мене почнува денот со музика. Доколку времето овозможува излегување на воздух, претежно во мојот двор. Следува време поминато во моето студио, каде што работам на мојот нов сингл. Физичка активност обавезно во домашни услови, Орбитрек и гимнастика, па следува филмска програма.

OhridPress: Дали може да ни предложите некој филм, серија, музика или книга за нашите читатели?

Мето Ди Флеш: Сакам да слушам музика, а како стил би го предложил џезот кој знае да ги опушти сите наши сетила. Радио слушам за време на ручек, сакам да бидам во тек со сите актуелни музички настани. Додека од филмската програма ги фаворизирам комедиите кои посебно во овој период се добредојдени. Како предлог филм ете би го предложил новото продолжение на „Bad boys“.

OhridPress: Додека сме во домовите се конзумира повеќе храна. Некој предлог за омилено јадење за полесно да помине карантинот?

Мето Ди Флеш: Оброците се посебна приказна во денови на карантин. Предноста е во тоа што фамилјарно сме сите заедно и уживаме во кулинарските способности на тој што готви. Се трудиме да се храниме здраво и не интензивно колку што се може. Салати и лесни оброци би биле мој предлог за исхрана во карантин.

OhridPress: Се надеваме дека за брзо време ќе го надминеме и овој сериозен предизвик. Што ќе направите прво по нормализирањето на состојбата и укинувањето на вонредната состојба?

Мето Ди Флеш: Искрено се надевам дека сета оваа состојба ќе помине за брзо со одговор од науката за ублажување на последиците кон сите заболени. Ќе се фокусираат кон лекот, а после тоа и кон вакцините. Имам секојдневно јавување од мојата публика на која и фалат моите забави. Веднаш после сето ова значи продолжувам таму каде што застанав со моите настапи насекаде во нашата држава. Песната нова и видео се надевам ќе бидат готови, чекајте ме на промоција. Со еден збор ќе продолжам со нормалниот живот, кој што верувам дека на сите ни фали. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука