август 16, 2019

Њујорк, 16. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Претседателот на САД, Доналд Трамп неколкупати пројавувал интерес да се купи Гренланд од Данска „со различен степен на сериозност“, објави Волстрит џурнал.

Весникот се повикува на неименувани извори и поранешни лица од Белата куќа.

Имено, претседателот на САД барал од своите советници „да разгледаат идеја“ за купување на најголемиот остров на Земјата. Трамп пројавил интерес за Гренланд заради природните ресурси и геополитичкото значење. Во образложение до советниците, Трамп укажал дека Данска има финансиски потешкотии поради тоа што во состав на кралството влегува огромна автономна територија.

Во следниот месец Трамп ќе ја посети Данска. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука