мај 6, 2020

Охрид, 6. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Ова е Охридското Езеро во Македонија, едно од најубавите места на Балканот.

Вака на неговиот официјален канал на YouTube – TheLifeOfJord момчето кое се вика Џорд ги пренесе импресиите од посетата на преубавиот Охрид. Тој заедно со неговата мајка патува низ Балканот и покрај за Охрид, објави прекрасно видео и за Скопје.

– Охрид ме остави без зборови и дефинитивно ќе се вратам назад. Уште во 2018 година некаде слушнав дека е добро да се посети Македонија, но сега дефинитивно би ја препорачал, пишува Џорд. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: TheLifeOfJord

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука