ноември 5, 2020

Охрид, 5. ноември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Оние кои се редовно на социјалните мрежи, веќе подолг период наназад го забележаа и момчето кое постојано го соопштува својот став за најголемиот дел од случувањата во Охрид и државата. Некои се согласуваат со него, некои не, но се’ поголем број го следат, а се претставува како Wik Kakarotski.

Хуманитарни акции, протести, видео спотови и музика, мотивациони видеа и многу друго можете да најдете на неговиот профил, спакувано во многу младешки ентузијазам, енергија и искрена желба за подобар град и свет за сите. Едно време беше во „војна“ со една позната фолк пејачка, а сега е актуелен по Offline часовите и дружбата со неговите бројни млади пријатели кај „Стобекс“.

Истите во иднина ќе ги споделуваме и на OhridPress како една мала светла точка во вистинското COVID-19 сивило околу нас.

Ставовите и видеата на Wik Kakarotski ОВДЕ, а сега погледнете го видео интервјуто за Супер радио и OhridPress.

извор: ОхридПрес фото/видео: Wik Kakarotski

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука